Политичката партија ДЕМОКРАТИ испрати честика до Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 14-годишнината од неговото основање, за што искрено се заблагодаруваме. Особена чест нѝ претставува фактот што во нашите комуникации со раководството и членството на Политичката партија ДЕМОКРАТИ секогаш се истакнува важноста на постигнувањата на Македонците вон матичната македонска држава, а особено во Република Албанија. Таквото признание, но и безрезервната помош која ја добиваме, нам како и на Македонците од Република Албанија многу нѝ значи.
Во оваа прилика ќе истакнеме дека весникот „Илинден“ и истоимениот портал, кои се гласила на Македонското друштво “Илинден”-Тирана се секогаш отворени за соработка со сите политички субјекти во Република Албанија и Република Македонија, бидејќи нашата заедничка цел е да живееме во стабилни и просперитетни држави. – стои во честитката од партија Политичката партија ДЕМОКРАТИ.