Македонските одбојкари за прв пат во историјата се пласираа на ЕП

 

Македонската одбојкарска репрезентација се пласираше на своето прво Европско првенство, откако во СЦ „Кале“ славеше над селекцијата на Унгарија со 25:21, 25:20, 25:21.

Ова е прв пласман на еден голем континентален собир на популарните „Спартанци“ од осамостојувањето на нашата држава. Европското првенство ќе се одигра во септември годинава, а домаќини ќе бидат Франција, Белгија, Холандија и Словенија.

Инаку, важно е да се напомене дека претходно селекциите на Летонија и Шведска завршија голема работа за нас со победите над Израел (3:1), однсно Азербејџан (3:0), па така, „црвено – жолтите“ сами одлучуваа за билетот на ЕП, што на крајот и го трасираа патот до големиот собир. Најефикасен во нашиот состав беше капитенот Никола Ѓорѓиев, додека 14 запиша Љафтов.