Македонско друштво “Илинден“-Тирана апелира катастрофална состојба од снегот во областа Гора


Македонско друштво “Илинден“-Тирана го повикува Владата, Општина Кукс итно да преземат сите неопходни мерки за да се подобри тешката ситуацијата во областа Голо Брдо и областа Гора. Врнежите од снег во изминатите денови создаде тешка ситуација во областа Гора. Како резултат на големи врнежи од снег и ниски температури сите патишта што го поврзуваат областа Гора се целосно блокирани. Сите села се изолирани и нема доволно резерви на лекови во здраствените амбуланти. Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара од Владта и од општините да преземат итни мерки за да се подобри ситуацијата. – стои во соопштението потпишано од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.