Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара да се форимираат општина Голо Брдо и Гора помина десет години од териториалната поделба и нема просперитет за регионите Голо Брдо и Гора

После десет години од реформата на територијалната организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени. Во 2014 година Владата ги укина и општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо, за првите две да ги приклучи кон општина Булќиза, како и општините Шиштевац и Запот во областа Гора кои сега се приклучени кон општина Кукс.

Единствена македонска општина во Република Албанија остана општина Пустец во областа Мала Преспа. И покрај барањата на Македонците во 2014 година, Владата не ги удоволи нивните барања за формирање на општините Голо Брдо и Гора!

Македонците во областите Голо Брдо и Гора, укинувањето на општините го сметаат за чекор назад во почитувањето на малцинските права во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонското друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо повторно го актуелизираат барањето од пред 2014 година, Владата да предложат изменување и дополнување на Законот за општините со формирање на две општини: општина Голо Брдо и општина Гора. Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонското друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо сметаат дека градоначалниците не треба да бидат именувани од Владата туку избрани на избори од граѓаните, заради нивната доверба во системот и непосредно решавање на локалните комунални проблеми.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо, Претседател Фатри Фатаху

Advertisement