Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итна средба на претсавници од Владата на Албанија и на Македонија со цел спас на Преспанското Езеро

Актуелната состојба со Прспанското Езеро бара итно преземање мерки бидејќи Езерото е на чекор до еколошка катастрофа. Преспанското Езеро, како едно од најстарите сочувани тектонски езера во светот, споменик на природата и дом на 1.500 ендемски видови животни. Но, според последната состојба, Езерото на одредени места е повлечено и до 300 метри од брегот. Алармантната состојба со недостатокот на вода засекогаш ќе го нарушат и уништат екосистемот на Преспанското Езеро. Значењето на Езерото е огромно и за Македонците од областа Преспа кои егзистенцијално се поврзани со Преспанското Езеро, Економските импликации по населението кое живее околу Езерото се катастрофални. Страдаа земјоделието, риболовот и туризмот. Вака согледувајќи ги последиците итно треба да преземат мерки за санирање на состојба на Преспанското Езеро. – стои во соопштението потпишано од претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.