Македонско друштво “Илинден“-Тирана: Декларација против пописните резултати во Република Албанија

Декларација против пописните резултати во Република Албанија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана утврди Декларација против пописните резултати во Албанија, за пописот одржан од 18 септември до 16 ноември 2023 година. Во декларацијата се вели:

ДЕКЛАРАЦИЈА

против прелиминарните пописни резултати во Република Албанија

  1. Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги отфрлува прелиминарните пописни резултати од пописот одржан во Албанија од 18 септември до 16 ноември 2023 година, поради фалсификат на бројот на етничките Македонци, со грубо мешање во внатрешните работи на Албанија од страна на бугарската амбасада во Тирана, Владата во Софија и неколку фондации од Бугарија пред и за време на пописот на населението во Албанија!
  2. Во Албанија “етнички Бугари“ нема. Во ниту еден попис не постои макар и еден “Бугарин” на целата територија на Албанија!
  3. Најостро ја осудуваме злоупотребата на терминот “северномакедонци“ од Институтот за статистика и употребата на име на земја како супститут за Македонската етничка заедница, веќе призната во Албанија.
  4. И покрај постојаното алармирање пред јавноста и институцииите на власта на Албанија во текот на цела година, за очигледните подготовки за пописен фалсификат, изразуваме жалење поради незаинтересираноста на Албанската Влада за грубото мешање на Бугарија во внатрешните работи на Албанија со цел денационализација и асимилација на Македонците во областите и местата каде што живеат. Жалиме што Албанската Влада не презедоа мерки за заштита на правата и слободите на Македонците во Албанија!
  5. Предлагаме Федералната унија на европските националисти со посебна резолуција да го отфрли пописот во Албанија како груб фалсификат со огромен број на нерегуларности.
  6. Македонците и другите национални малцинства во Албанија не го прифаќаат пописот од 2023 година и бараат нов попис на населението во согласност со меѓународните стандарди на ООН и ЕУ заради елиминација на двојното попишување на населението во Албанија и манипулација со бројките на националните малцинства.
  7. Ги повикуваме сите македонски здруженија и Македонска алијанса за европска интеграција на обединување, заради одбрана на идентитетот на Македонците, против обидите за денационализација и асимилација на Македонците во “Бугари“ од страна на Владата во Софија!
  8. Оваа Декларација ќе се достави до: Собранието, Владата, Претседателот, Државниот институт за статистика и Обдусманот на Албанија, Претседателот, Собранието и Владата на Македонија како и до Европската Унија, Советот на Европа, ОБСЕ, Федералната унија на европските националности и странските амбасади акредитирани во Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо, Претседател Фатри Фетаху

Kоординатор на Македонското друштвоИлинден”-Тирана за Округот Елбасан, Елса Џелили

Генерален координатор на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за татковината Македонија, Ламбе Шатровски 

 

Advertisement