Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Благодарница “Илинден” и Награда “Илинден” по повод десетгодишнината (ФОТО)

 

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај, по повод десетгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарницата и наградата се дава на лица за нивните особени заслуги за  ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Албанија. Предложените лица за добивање на Благодарница “Илинден” и Награда “Илинден” покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција. Благодарницата и наградата “Илинден” се симболи на признание што се доделуваат за работи и дела што заслужуваат признание, ги доделува и врачува лично претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.

Оваа годинапрв пат се дели Награда “Илинден”му се доделува на:

  1. Д-р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија
  2. Г-дин Илир Мета, Претседател на Република Албанија
  3. Архимандрит г. Партениј, Игумен на Свештената Бигорска Обител, Маврово-Ростуше, Република Македонија
  4. Г-дин Бил Николов, Претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) – Канада

Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

  1. Проф.д-р Илинден Спасе – Автор на книги стати за македонското национално малцинство во Република Албанија пишува на македонски јазик и албански јазик
  2. М-Р Естела Ѓурѓај  Карамешиноска – Историчар, секретар на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана и дописник на Македонски весник “Илинден”
  3. Г-дин Васил Стерјовски – Секретар на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ), активист на Македонско национално малциство во Албанија и основач на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана
  4. Г-ѓа Савиола Лока – Основач на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана
  5. Ѓ-ѓа Микета Mеча Шкала – Основач на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана
  6. Д-р Ели Луческа – Директорка на Институт за старословенска култура – Прилеп, Република Македонија
  7. Д-р Мери Стојанова – Директорка на Национална Установа „Завод и Музеј“- Битола, Република Мкедонија
  8. Г-ѓа Елени Заркада – Понарешен советник на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) во општина Билишта, активист на Македонско национално малциство во Билишта
  9. Сара Џелили – Автор на поези, активист во Елбасан, член на Mакедонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо и дописник на Македонски весник “Илинден”