Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод дванаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” По повод дванаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Така и оваа година беа предложени повеќе лица за добивање на благодарница “Илинден” и награда “Илинден”. Од предложените беа избрани лица, кои со својот ангажман придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија. Благодарницата и наградата “Илинден” ги доделува и врачува лично претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.

Оваа година Награда “Илинден” му се доделува на:

1.Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) – Политичка партија на Македонци во Република Албанија.

Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

1.Работна група на словенски малцинства (АГСМ) – Работна група при Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).

2.Макарцев Максим Максимович – Виш научен соработник во Институт за славистика на Руската академија на науките – Москва, Руска Федерација.

3.Едмонд Османи – Администратор на административна единица Требиште областа Голо Брдо, и потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ.       

Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана им ги честитаат наградата и благодарниците на добитниците за 2021 година со надеж дека истите ќе послужат како поттик за натамошен ангажнман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Албанија.

Advertisement