Македонско друштво „Илинден”-Тирана ги повика Македонците од Гора масовно да ја подржат партијата „Единствена горанска партија“ 

Македонско друштво „Илинден”-Тирана искажувајќи подршка за „Единствена горанска партија“ на предвремените парламентарни избори во Косово што ќе се одржат на 14 следниот месец. Во исто време друштвото ги повикува Македонците и другите жители од областа Гора масовно да излезат на избори и да го дадат својот глас за кандидатската листа на оваа партија,со што ќе обебзедат свој пратеник во новиот косовски законодавен дом.

Ја имате таа можност и среќа да гласате за „Единствена горанска партија“ која настапува со своја кандидатска листа, партијата која се залага за вашите права и се бори да се зачуваат корените, јазикот и индентитет. И посакуваме успеси на „Единствена горанска партија“ и лидерот на партијата Адем Хоџа за сите напори што ги прави за областа Гора, стои во соопштението на Македонско друштво „Илинден”-Тирана.

Се додава дека меѓу другото заложби на партијата се заштитата на интересите на заедницата и нејзините граѓани, националните интереси на горанската национална заедница, почитување на човечкото достоинство без оглед на неговата верска и етничка припадност, формирање самостојна општина Гора, со административен центар во Драгаш, бесплатна здравствена заштита и образование, економски развој на областа, искористување на природните богатства и намалување на невработеноста.

На изборната листа на партијата „Единствена горанска партија“ се 16 кандидати признати и вредни личности во своите области на делување а ја предводи Адем Хоџа, дипломиран инжињер, кој беше пратеник во двата претходни состави на косовскиот парламент.

Advertisement