Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги повикува македонците во европа да дадат потпис за иницијативата SafePack “Ти не си сам. Еден милион потписи за разновидност во Европа”

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана како дел од иницијативата SafePack “Ти не си сам. Еден милион потписи за разновидност во Европа” ги повикува сите македонци во европа да дадат свој потпис за ова важна кампања за правата на малциствата во европа вклучуваќи и македонското малциство во европа во следниот линк имате потребните информаци www.minority-safepack.eu/en/

Кампањата за иницијативата SafePack, започна во замокот Bonțida Bánffy, Клуј, Романија повеќе од 400 луѓе од сите страни на Европа учествуваа на настанот организиран како дел од Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Свој потпис даде и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај, потписите беа симболично напишани на голем картата на Европа за да покаже дека Федералната унија на европските националности (ФУЕН) смета на секоја европска држава за време на кампањата, со цел да се соберат еден милион потписи.