Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Албанија да се пријават во Амбасада на Република Македонија во Тирана за изборите за Претседателна на татковината Македонија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Република Албанија што имат Македонско државјанство да се пријават во Амбасада на Република Македонија во Тирана за изборите за Претседателна на татковината Република Македонија. Согласно Јавниот повик објавен на сајтот на Државната изборна комисија на Република Македонија и на официјалниот сајт на Амбасадата вашето избирачко право ќе може да го остварите во Амбасадата на Република Македонија во Тирана на улица “Кавајес’’ број 116. За таа цел известуваме дека е потребно да го пронајдете вашето име и презиме во Избирачкио список на сајтот на ДИК: www.dijaspora.sec.mk Доколку сте во можност проверката во Избирачкиот список може да ја направите лично во Амбасадата на Република Македонија во Тирана. Вашето пријавување за гласање во Амбасадата може да го направите лично во Амбасадата на Република Македонија во Тирана За сите дополнители информации во врска со изборниот процес молиме да се јавите на следните телефони: 042230909 Амбасада на Република Македонија во Тирана. – стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.