Македонско друштво “Илинден”-Тирана со осуда на софиската инвазија за создавање бугарско малциство во албанија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо најостро ја осудува неодамнешмната посетата на Милен Врабевски во Република Албанија како претседател на Фондацијата “Бугарска Памет“, заедно со Росен Плевнелиев претседател на Бугарија од 2012 до 2017 година и претседател на Фондацијата “Решенија за иднината“ и европратеникот д-р Андреј Ковачев кој активно работи во Европскиот Парламент за признавање на “бугарско малцинство“ во Албанија, и средбите со претставници на општините Корча и Билишта со цел “реализација на образовни иницијативи за промоција на бугарско малцинство во Албанија“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо повторува дека Бугари во Албанија, а посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора, НЕМА.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо упатува најостри критики кон официјална Софија, која продолжува со агресивната антимакедонска политика и декларацијата за Македонците во Албанија како Бугари. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо потсетува дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат “Бугари“, туку само Македонци, Македонците во Албанија не се “Бугари“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо од Македонската Влада бара остар демарш до Брисел и Софија за антимакедонската политика и преименувањето на Македонците во Албанија за “Бугари“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо антимакедонизмот на Софија го смета за груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите Нации, за геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо апелира до Брисел за активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија и во Македонија, со услов писмена декларација за “бугарско потекло“, иако Македонците се изложени на тој ризик заради емиграција во западно-европските земји од социо-економски причини, а не заради живот во Бугарија како “Бугари“.

Advertisement