Македонско друштво „Илинден“-Тирана најостра осуда за одлука на Бугарскиот Парламент

 

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја смета за провокација во континуитет, вчерашната одлука на Бугарскиот Парламент за преименување на 24 Мај од “Ден на словенската писменост“ во “Ден на бугарската писменост“ со барање до Европската Унија “кирилицата да биде призната како бугарска азбука“! Тоа е провокација, не само кон Македонија туку и кон останатие држави со население со словенски корени.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана потсетува, дека во науката е прифатено дека основата на старословенскиот јазик се македонските говори од околината на Солун, а првото словенско писмо напишано од светите солунски браќа Македонците, Кирил и Методиј е глаголицата! Старословенскиот јазик е старомакедонскиот јазик!

Македонско друштво „Илинден“-Тирана со индигнација отфрла заедничка прослава на значајни датуми, настани и личности кои Софија ги смета за Бугари и бугарски, а за тоа дури бара патент од Европската Унија! Македонско друштво „Илинден“-Тирана потсетува на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин на 24 мај 2017 година при посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Москва: “Денес во Русија се празнува Денот на словенската писменост, а писменоста во Русија дојде од македонската земја!“

Македонците по род во Албанија, во светот и татковината, ја отфрлаат новата “политичка историја“ за македонскиот народ и за Македонија, со која Бугарија и Грција вршат обиди Македонија од држава да се редефинира во територија без народ и историја чии администратори би биле Атина и Софија!

Македонско друштво „Илинден“-Тирана со индигнација ги отфрла бугарскиот и грчкиот геноцид врз македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името на македонскиот народ, јазик култура и историја. Ваквите барања се даваат од членки на едно т.н. европско демократско семејство, а сушност се уцени прикажувани како вредност за „добрососедство и солидарност“ во Брисел и Стразбур со страна на Атина и Софија!

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува Владата во Софија за дискриминаторските, расистичките и наци-фашистичките истапувања за непостоење на македонскиот народ во целина, како и бугаризирање на македонската историја! – стои во соопштението потпишано од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.

Advertisement