Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, дадена на 14 март 2019 година на церемонија на поставување на камен-темелник на џамијата во скопското село Арнакија, а објавена на неговиот Фејсбук профил деновиве, во неговиот говор дава квалификации на „див“ и „непримерен народ без идентитет“. Македонците имат своја традиција и се на овје простори автоктони. Македонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, е крајно недолична, недозволива и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на македонците. Поради недоличната изјава на поглаварот, Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара Реисетот на Исламската верска заедница, безусловно да се извини до Македонци и до македонскиот народ во целина! – стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Advertisement