Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци заменик-директор во државниот комитет за малциства на Албанија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци заменик-директор и пеставник на Власите во државниот комитет за малциства на Албанија, кој на својот профил на ФБ на 06.02.2018 година напиша ФИРОМ за Републка Македонија. Македонско национално малциство во Република Албанија е признато како Македонско малциство со свој мајчин јазик Македонски. Македонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека изјавата на ФБ на Кристо Гоци, преставник на Власите во државниот комитет за малциства, е крајно недолична и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на Македонското национално малциство во Република Албанија. Поради недоличната изјава на Кристо Гоци бараме тој безусловно да се извини до македонско национално малциство – стои во соопштението потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

 

Advertisement