Македонско друштво „Илинден“-Тирана одбележа 11 години од формирањето

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, денеска одбележува единаесет години од формирањето, период во кој заедно со огранокот за Голо Брдо дале голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања во интерес на Македонците во Албанија. -Континуирано работиме на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Албанија. Една од задачите на дрштвото е да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба меѓу населението во Албанија, изјави Ѓурѓај. Посочува дека остануваат посветени на борбата за унапредување на положбата и правата на Македонците.

Тоа врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност: Реципроцитрет во меѓусебните односи меѓу Македонија и Албанија и по прашањето за Македонците во Република Албанија и Албанците во Република Македонија како мостови на братство и пријателство меѓу двата народа и двете држави, рече Ѓурѓај. Во изминатите единаесет години, додава,сме имале многу средби а воспотавена е соработка со претставници на разни институции и асоциации,во Албанија, во Македонија, како и меѓународни организации.

На сите средби што сме ги имале со претставниците на државните институции во Албанија, Македонија и европските институции и меѓународни организации ја користевме секоја прилика да размениме мислења за важни прашања за унапредување на положбата и правата на македонското национално малцинство во Албанија,- нагласува Ѓурѓај. Тој и при оваа прилика побара од Владата во Тирана да посвети поголемо внимание и позитивно да одговори на барањата на Македонците.

Бараме од Владата на Република Албанија и од надлежните министерства и организации да посветат посебно внимание во подобрувањето на основните услови за живот,поголема застапеност во институциите на централно и локалнониво.Исто така бараме позитивно да одговорат на нашето барање за настава на мајчин македонски јазик во областа Голо Брдо и Гора, и насекаде каде има значителен број Македонци, имајќи предвид дека тоа веќе се остварува во областа Мала Преспа,како и признавање статус на македонско малцинство на целата терторија на земјата а не само во Преспа. Бараме Владата да изврши промена на штетната територијална организација на локалната самоуправа и да ги прифати како општини областите Голо Брдо и Гора каде живеат Македонци, рече Ѓурѓај.

По повод денот на формирањето, друштвото додели две награди „Илинден“ и пет багодарници на поединци и институции. Наградата „Илинден“ која за првпат беше доделена лани на одбележувањето на јубилејот десет години од формирањето на друштвото, ја добиваат, Проф. Д-р Катерина Тодороска, научен советник во Институт за Национална Историја – Скопје, Република Македонија и Васил Стерјовски – пратеник од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во Собранието на Република Албанија и Претседател наМАЕИ. Благодраници им се доделени на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) каде „Илинден” е рамноправен член од мај 2015 година, Ламбе Шатровски,член на МД „Илинден“, дописник на истоимениот македонски весник и активист меѓу Македонците во Албанија, Андреа Алексовски, од Скопје голем подржувач на припадниците на македонското национално малцинство на Балканот, како и новинарите Ќенан Мимидиноски и Вера Тодоровска.

Македонското друштво “Илинден” е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Република Албанија

Advertisement