
Македонско друштво “Илинден”-Тирана остро го осудува недемократското и крајно навредливо однесување на бугарските политичари во однос на македонскиот народ и македонскиот јазик. Со своите барања бугарската држава покажува дека воопшто не го заслужува местото кое го доби во европското семејство, на кое му нанесуваат непотребен срам. Однесувањето на Бугарија во однос на Македонците во Пиринска Македонија исто така е доказ за шовинистичкото однесување на бугарската политика кон оние кои не се чувствуваат Бугари во бугарската држава. Македонско друштво “Илинден”-Тирана истовремено ги осудува неприфатливите уцени на Софија кон Албанија од која бара права за Македонците како Бугари! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и натаму смета дека во Албанија не живеат Бугари, Македонците во Албанија не се Бугари! Македонците во Албанија не може да бидат коалтерална штета заради бугарските уцени и албанските амбиции за Европската Унија! – стои во соопштенито потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden