Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој преставниц во рамки на проектот “Иднината е во потеклото”

Преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана учествуваше на активност во рамки на проектот „Иднината е во потеклото”, поддржан од Комитетот за национални малцинства при владата на Република Албанија.

На настанот организиран од припадниците на грчкото малцинство, кој се одржа на фармата Фустанела-Петрела, претставниците на малцинствата се претставија со традиционална храна и носии.

Македонското национално малциство се претстави со Македонско друштво “Сонце” се престави со традиционалната храна  од областа Мала Преспа,  тава со крап и со традиционалните носии од Мала Преспа“.

Присутните покажаа забележлив интерес за македонскиот штанд, а добар дел од нив вкусија од храната.

На активноста учествуваа и дипломати од дипломатскиот кор и претставници од централната и локалната власт.

Претседателката на Комитетот, Константина Бежани, ги поздрави присутните и вети продолжување на поддршка за активности на малцинствата, во зачувување на нивниот етнички, јазичен, културен идентитет.

На настанот присуствуваше Васил Стерјовски, Претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, вториот човек во Македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, кој ги поздрави присутните, Марјана Костофски, претставник на Македонското национално малциство во Комитетот за национални малцинства, и Васил Јанкула, попознат како преспанскиот херој.

Advertisement