Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува Благодарност до Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

Македонско друштво “Илинден“-Тирана како и неколку години наназад, добива бесплатни верски календари од Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија. Верските календари се даруваат на Македонци во Албанија. Имајќи предвид дека бројот на заинтересирани лица за овие календари секоја година е се поголем, Македонско друштво “Илинден”-Тирана информира дека верските календари од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се веке достапни и само треба да се оствари контакт со Друштвото. Воедно, Македонското друштво “Илинден”-Тирана од свое име и име на сите корисници на верскирте календари искрено се заблагодарува на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари.

Advertisement