Македонско друштво “Илинден”-Тирана во Гора живеат Македонци

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо изјавата на министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли за време на неговата официјална посета на Софија, за Гораните како “бугарско малцинство“ на Косово ја смета за флагрантно кршење на човековите права на Македонците на Косово! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо повторува дека на Косово и во Албанија, во областа Гора, живеат чистокрвни Македонци а не Бугари! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо бара Косовската Влада да ги признае Македонците во областите Гора и Жупа и да не подлегнува на софиските притисоци за менување на вистината и историјата за Македонците на Косово!  Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо ја осудува бугарската пропаганда на Софија меѓу Македонците во областите Гора во Албанија Гора и Жупа на Косово, претставувајќи ги за “Бугари“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо и натаму повторува дека Македонците во Албанија и Косово се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ! Македонците во Албанија и косово никогаш не биле, ниту кога и да е ќе бидат “Бугари“! – стои во соопштението потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Advertisement