Македонско друштво “Илинден“-Тирана во соработка со ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга донираа новогодишни пакетчиња за Македончињата во Требиште, Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден“-Тирана во соработка со Ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга и поддршка од Хуманитарна организација “Свети Спас” од Скопје, Македонија се реализираше заедничка донација во Требиште областа Голо Брдо. Посебно здоволство е што за Македончињата во Админстративната единица Требиште во областа Голо Брдо се донираа 50 новогодишни пакетчиња во соработка со ракометен клуб “Енхалон“ од Струга, Админстративната единица Требиште, областа Голо Брдо и донаторот на новогодишните пакетчиња Хуманитарна организација “Свети Спас” од Скопје.

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга. Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува благодарност до г-дин Дејан Костески претседател на Ракометен клуб “Енхалон“ од Струга, г-дин Едмонд Османи, Администратор на админстративната единица Требиште, областа Голо Брдо и голема благодарност до донаторот на новогодишните пакетчиња, Хуманитарна организација “Свети Спас” од Скопје.

Advertisement