Македонско руската мешовита комисија се состана во Охрид (ВИДЕО)

Инвестиции во енерегетиката,патната инфраструктура транспортот фармацевстката индустрија, културата и туризмот се очекува во иднина да бидат епилогот од средбите на македонско руската мешовита комисија кои започнаа вчера во Скопје, а продолжија денеска во Охрид.

Македонскиот министер за земјоделство Трајан Димковски и неговиот руски колега најавија дека веќе 20 ина компании изразиле интерес да инвестираат во земјава.Тие најавија и дека после пет години пауза двете земји повторно ќе вложуваат во заеднички проекти.

Руската страна видела голема потенцијал за соработка гледајќи на Македонија како интересен и перспективен партнер.

Инвестициите кои првично се најавуваат за земјава се однесуваат на дигиталната технологија и електроенергетиката но ќе се работи интензивно и на  подобрување на извозот од земјава кон Русија кој  домашните  експерти го оценија како значително намален во однос на претходните години.

И двете страни потенцираа дека најповолен сегмент за реализирање заеднички проекти меѓу македонските и руските компании е изградбата на примарна инфраструктура за гасификација и на откупно-дистрибутивни центри во земјоделството  но и единствени правила на игра, како отфрлање на стереотипите и шаблоните.

Последниот состанок на Мешовитата македонско-руска меѓувладина комисија беше одржан во Калининград во 2014 година. На денешната 9.та сесија на Комисијата што практично почна вчера со форумот во Скопје и продолжи денеска во Охрид, ѝ претходат подготвителните средби што се одржаа минатиот месец во Москва./www.24.mk

 

Advertisement