Македонското друштво „Илинден”-Тирана бара од албанската влада финансиска подршка за граѓанските организации 

Македонското друштво „Илинден”-Тирана побара во економските мерки на Владата на премиерот Еди Рама, за ублажување на последиците од од пандемијата со Ковид-19, да бидат опфатени и граѓанските организации. Исто така се бара и ослободување од плаќање локални даноци и други давачки. Во писмото доставено до Комитетот на експерти за справување со Ковид-19, кое доставува предлози до владата, друштвото наведува дека,се наоѓа во финансиски потешкотии поради пандемија и бара од Комитетот на експерти во Министерството за здравство да го разгледа ова барање .

„Македонско друштво „Илинден”-Тирана бара од Министерството за здравство и социјална заштита и Техничкиот комитет на експерти за мерки против Ковид-19 да ги вклучат и граѓанските асоцијации во економски пакети на Владата и ослободување од плаќање на локалните даноци, бидејќи како резултат на пандемијата граѓанските организации имаат финансиски проблеми. Во врска со горенаведеното, бараме разгледување на ова барање на првиот состанок на техничкиот комитет на експерти и очекуваме разбирање и позитивен одговор, стои во барањето на Македонското друштво „Илинден”-Тирана.

Македонското друштво „Илинден”-Тирана и органокот во Требиште, Голо Борд главната мисија е заштита на етничкиот, културниот, верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и зачувувањето на јазикот и образованието на мајчин јазик на македонското малцинство.

Advertisement