Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од властите на Република Албанија да го прогласат бугарскиот државјанин Виктор Стојанов за персона нон грата

Во време на актуелен попис, одредени бугарски лица слободно се шетаат по градовите и селата населени со македонско население низ Република Албанија, со единствена цел да се присилуваат да се изјаснуваат како Бугари. За таквата активност на бугарските емисари јавно зборуваат Македонците, негодувајќи на говорот на омраза кои тие лица ги користат кон Македонците, како и користењето на децата како погодни за „подарување“ на телефони и таблети кои подоцна се користат како уцена за родителите за изјаснување како Бугари. Реагирајќи на невидената агресивност на бугарските емисари врз Македонците во Република Албанија, цениме дека властите во Република Албанија треба да изнајде начини да ги заштити македонските жители, кои со децении се лојални граѓани на албанската држава.

Поради екстремна агресивност, ширење на говор на омраза и заканувачки пораки кон македонското население, Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара Виктор Стојанов да се прогласи за персона нон грата и да му биде забранет влез во Република Албанија. Имено, тој како претседател на бугарска фондација користи агресивна анти-македонска пропаганда и се насилно се обидува да направи асимилација на македонско национално малциство во Република Албанија. Ширејќи невистини и провоцирајќи со говор на омраза, Стојанов предизвикува вознемиреност кај македонскиот народ во Република Албанија во време на Попис, а со тоа го загрозува и националниот суверенитет на Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голo Брдо, Претседател Фатри Фетаху

Kоординатор на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за Округот Елбасан, Елса Џелили 

Advertisement