Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Албанија – “Ве молиме останете дома!“

Во врска со пандемијата со коронавирусот, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Албанија – “Ве молиме останете дома!“. Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува повик до сите Македонци во Албанија да не излегуваат од домовите да се придржуваат кон мерките и превентивите од владата и истите да ги почитуваат! Имајќи го во предвид интензитетот на ширењето на вирусот Ковид-19, не излегувате од дома, со тоа ќе ги спречите сериозните здравствени ризици по Вашето здравје и живот и здравјето и животите на другите!

Имајте ја во предвид стапката на заразеност од вирусот! Почитувајте ги официјалните соопштенија и предупредувања на локалните власти во општината каде што живеете, почитувајте ги препораките и мерките на надлежните државни органи, да не го доведете во ризична состојба вашето здравје и здравјето на другите! Ве молиме да ја сочувате смиреноста и да ги почитувате и применувате правилата за хигиена на највисоко ниво! – стои во соопштението на Македонското друштво “Илинден“-Тирана.

Advertisement