
Изминатите девет години, од кога сме рамноправна членка на Федералната Унија на европски националности (ФУЕН) редовно учествува на сите Конгреси и други активности. Ќе учествуваме и на овој конгрес чиј домаќин ќе биде организацијата на Севернофризите, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото “Илинден”.
Според него Федералната Унија на европски националности (ФУЕН) годинава одбележува 75 години постоење, и понатаму “останува главен застапник за правата на малцинствата во Европа”.
Значи, оваа прослава, како што е нашата заедничка констатација, нека биде не само за она што го Федералната Унија на европски националности (ФУЕН) го постигна за 75 години, туку и за она што треба да се постигне за да се гарантира заштитата и промоцијата на малцинските јазици и култури во Европа, и да ја искористиме истрајноста на севернофризите како инспирација за тоа, посочи Ѓурѓај.
Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната Унија на европски националности (ФУЕН) е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во овој период редовно учествува на Конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоена е и Резолуција за положбата на македонското малцинство во Република Албанија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden