Македонското друштво “Илинден”- Тирана му го честита реизборот за европратеник на Лорант Винце, претседател на ФУЕН

Македонското друштво “Илинден”- Тирана, кое повеќе од девет години е член на Федералната унија на европските националности, ФУЕН му го честиташе реизборот за европратеник на Лорант Винце.

Дозволете ми во мое лично име, како претставник на Македонците во Република Албанија, а во име на македонското друштво “Илинден“-Тирана, да ви честитам за победата на Евроизборите 2024 и како пратеник во Европскиот парламент и како претставник на Унгарците од Романија во исто време и како претседател на ФУЕН. Ви посакуваме и понатаму да бидете гласот на малцинствата и борец, како и досега, за правата на малцинствата во Европа, стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Уште еднаш, се додава,  ја изразуваме нашата највисока почит кон вас.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана за членка на ФУЕН беше примена во февруари 2015 година, каде  успешно ги претставува Македонците во оваа највисока малцинска организација во Европа.