Македонското друштво ”Илинден”-Тирана рамноправен партнер во проектот „Тирана – европска младинска престолнина“ за 2022 година

Во рамките на проектот “Европска младинска престолнина“ (European Youth Capital – EYC 2022) и титула со која Тирана се здоби за 2022 година, Националниот младински конгрес од Албанија во соработка со градската власт на  Тирана ја промовираше веб-страницата и програмата за наредната година со широк спектар на можности за младите од сите средини на општеството да ги изнесат своите иновативни идеи и разбирање на европските перспективи и вредности.

Минатата година во Амиен, Франција, престижното меѓународно жири едногласно ја прогласи Тирана за Европски младинска престолнина за 2022 година. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана e член на Националниот младински конгрес од Албанија од 2015 година и еден од подносителите на апликацијата „Тирана – европска младинска престолнина за 2022 година„ со што рамноправно се смета за еден до иницијаторите за Тирана да стане домаќин и носител на оваа европска титула.

На официјалната веб-страница „Тирана – европска младинска престолнина – 2022 година„ покрај другите организации-партнери се наоѓа и логото на македонското друштво ”Илинден”-Тирана со кратка информација за друштвото.

Титулата „Европска младинска престолнина“ ( анг. European Youth Capital, или попознат под скратеницата EYC) е проект започнат од 2009 година на предлог-иницијатива од Европскиот младински форум (European Youth Forum) меѓународна невладина организација со седиште во Брисел. Првата титула Европска младинска престолнина (EYC) беше доделена на градот Ротердам од Холандија во 2009 година.

Our Network

Advertisement