Македонското меѓународно движење за човекови права од Канда ја осудува резолуција Европскиот парламент за албанија

Резолуцијата на Европскиот парламент со која што се вели дека Македонците се “Бугари” Дали Европскиот парламент е неинформиран, или е анти-македонски? Ова се двете единствени можни опции. При бесрамно прикажување на чиста лудост, Европскиот парламент усвои резолуција со која што од Албанија бараат да ги заштити правата на своето „бугарско“ малцинство и тоа во региони во кои што живее македонско население.

Па уште и „препорачува, правата на лицата со бугарска националност во областите Преспа, Голо Брдо и Гора законски да се регулираат и спроведат во пракса.“ Чувствата би биле прекрасни, но само ако ја идентификувале вистинската етничка припадност на тоа население. Европскиот парламент, со оваа ‘бескрајна мудрост’, само и’ помагаат на Бугарија во нејзината мисија да го искоренат постоењето на македонското малцинство и на се’ што е македонско.

Истовремено, Европската Унија продолжува со својата политика да и помага на Грција, играјќи заедно со неа во вештачки-создадениот спор за името и обраќајќи и’ се на Македонија (по налог на Грција) со „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Дури и ако треба да се одговори на таков арогантен и расистички извештај со кој што се тврди дека една етничка група, во име на држава која што се обидува да ја уништи само ја докажува ирелевантноста на таквите европски институции.

Да нема дилеми, населението во овие области е македонско и тоа е факт прифатен од сите, вклучувајќи ги и бројните извештаи за човекови права од страна на истите тие европски институции, Европскиот суд за човекови права, Европската комисија против расизам и нетолеранција, Обединетите нации, американскиот Стејт Департмент, како и меѓународните организации за човекови права. А уште подобро би било доколку европратениците кои што гласаа за оваа апсурдна резолуција, нека одат и нека ги посетат Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, нека ги видат таму македонските развиорени знамиња и нека поразговараат со локалното население кое што веќе ја осуди оваа резолуција.

Европската Унија и Евро-парламентот продолжуват да им помагаат на своите држави-членки, Грција и Бугарија, во нивната бесрамна анти-македонска надворешна политика. И сега што имаме неинформираност или анти-македонска политика? Се чини дека е сепак тоа второто. А ние чекаме за одговор во прилог на итно повлекување на оваа бизарна резолуција.

Advertisement