Македонското меѓународно движење за човекови права се заблагодари на Европската слободна алијанса за поддршката за Македонците во Бугарија и Грција

Европската Слободна Алијанса (ЕФА) продолжува со својата силна поддршка за човековите права на Македонците. На своето Генерало Собрание што се одржа меѓу 14 и 16 октомври 2021 година во Брисел, ЕФА ја објави следната декларација.

ЕФА ја разобличи систематската дискриминација на Македонците во Бугарија и Грција, и ги посочи протоколите на самата Европска Унија во кои се бара да се преземе итно дејство за да се запре ова кршење на човековите права.

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права и благодари на ЕФА за нејзината неуморна работа во одбраната на човековите права и ги повикува и другите организации и политички партии да усвојат слични декларации и да побараат да се стави крај на дискриминацијата врз Македонците.

Име на личноста која го поднесува предлогот/декларацијата до Генералното Собрание: Стојан Димитров, ОМО Илинден – Пирин
Партии членки: ОМО Илинден – Пирин, Виножито
Наслов (на предлогот/декларацијата): За правична политика кон автохтоните Македонци во Бугарија и Грција

ЕУ треба да ги охрабри Бугарија и Грција го заштитат правото на само-определување и културолошкиот идентитет на своите граѓани со автохтоно македонско потекло.

  1. Земајќи го во предвид извештајот за „Минимални стандарди за малцинствата во ЕУ“ од (2018/2036 (ИНИ))Ч
  2. Имајќи го предвид фактот дека Македонците се домородно население на територијата на Бугарија и Грција и поседуваат специфични културни карактеристики, одржуваат долгорочни и лојални врски со државата и се доволно репрезентативни иако помали по број од остатокот од населението на овие држави ;
  3. Имајќи предвид пред сѐ дека Македонците се силно мотивирани да го зачуваат она што го сочинува нивниот заеднички идентитет, вклучувајќи ја нивната култура, нивните традиции и нивниот македонски јазик;
  4. Имајќи предвид дека Македонците ги исполнуваат критериумите за малцинство според споменатиот ЕУ-извештај за минимални стандарди за малцинствата во ЕУ;
  5. Имајќи го предвид тоа, што Македонците се предмет на државно организирани систематски политики за асимилација, дискриминација и негирање на нивните човекови и малцински права;
  6. Со оглед на долгорочните антимакедонски политики на Бугарија и Грција од 19 век наваму;

Европската слободна алијанса повикува:

1.Бугарија и Грција да изнајдат национален консензус за македонското прашање и да ја признаат својата одговорност кон македонското малцинство на нивна територија и со тоа да започнат да водат европска политика за малцинствата, и да им го дадат на Македонците целокупното право предвидено со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и други релевантни стандардни документи за малцинствата.

2.Бугарија и Грција, кои ЕУ ги смета за држави во кои владее правото, да дејствуваат како такви и да применуваат справедлив и недискриминирачки процедурален пристап кон прашањата што се однесуваат на домородните Македонци на нивната територија

3.Бугарија и Грција да се охрабрат да формираат комисија за постојан дијалог со претставници на домородните Македонци со цел да започне процес за давање меѓународно загарантираните права и слободи.

4.Бугарија и Грција да ги променат своите политики кон македонската нација во духот на европските стандарди.

Образложение:

Образложението на ова декларација силно се повикува на образложението од Извештајот за минимални стандарди за малцинствата во ЕУ (2018/2036 (ИНИ)) на Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи, во кој јасно се укажува дека Европската Унија има одговорност за малцинствата и за малцинските политики во земјите членки на Европската Унија. Последните настани во Бугарија и мерките кои се преземаат против невладините организации кои го застапуваат македонското малцинство и се погласните националистички политики и реторика во Бугарија против македонската нација, држава, јазик и култура.

Advertisement