Македонците од Албанија денеска традиционално ја слават Света Огнена Марина во Мала Преспа (ВИДЕО)

Македонците од областа Мала Преспа го одбележаа патронот на манастриот „Света Марина“ во селото Туминец. По повод денешниот празник посветен на Света великомаченица Марина – Марена- Огнена Марија, по традиција во Туминец беа не не само жители од селата на Мала Преспа, туку и од подрачјето на Корча. За овој празник тука секогаш се и поголемот број од поранешните жители и нивните потомци, кои сега живеат во други градови во Албанија, во татковината Македонја и Грција. Одбележувањето почна од синоќа кога во дворот на манастирот до доцна во ноќта се виеше македонско оро и се пееја македонски песни а по денешната Богослужба што ја одржа свештеникот Алексо Темелко, вернците рподолжја со одблежувањето.

Со нив беше и пратеникот во албанскиот парламент Васил Стерјовски.

Редовно сум тука за овој голем празник и одбележувањето на патронот на црквата, која ги обединува граѓаните со природната,духовната и човечката убавина и доблест. Честит и вековит да ни е празникот. Се помоливме за помош од Света Марена за здравје, многу повеќе радост, среќа, благосотојба, -рече меѓу другото Стерјовски. На ланското одбележување на патронот заедно со Македоците беше и албанскиот претседател Илир Мета.

Вие сте прекрасна заедница, мирољубива и трудољубива, која заслужува една подобра иднина. Да ни е напомош на сите нам за подобра иднина Светата великомаченица Марена. За Пустец, за Албанија, за Македонија и за нашиот прекрасен соживот. Убавини и добрини секогаш, рече Мета, кој ја посети и пештерската црква „Света Богородица“ во Туминец. Инаку, селото Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во селото Туминец во областа Мала Преспа, каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.