Македонците во Дортмунд сложно ја градат црквата Св. Кирил и Методиј

Македонците во Дортмунд за рекордно време ја подигнаа православната црква „Св. Кирил и Методиј“. За неполна година во Дортмунд, во Германија на дело се покажа слогата, љубовта и единството на Македонците во таа околина и пошироко. Црковниот одбор со протојереј Душко, организирано и посветено сите донации ги наменија за градба на нова црква. Претстои внатрешно уредување и апел до сите кои сакаат и можат да помогнат, пишува до нашата редакција нашинецот Душко Пецов. Со Божја помош, со слога и со донации од Македонците, се надеваме во брзо да биде осветен уште еден македонски православен храм.

Advertisement