Македонците во областа Гора блокирани од снегот (ВИДЕО)

Како резултат на врнежи од снег и ниски температура областа Гора ,целосно е блокирана и бес електрична енергија, додека руралните патишта помеѓу селата во општините Запот и Шиштавец се блокирани. Поради обилните снежни врнежи кое ја зафати Албаниј планинските населени места се завеани, непроодни се и неколку национални патни правци, чести се прекините во снабдувањето со електрична енергија.

Оценувајќи ја состојбата како тешка, министерката за одбрана Олта Џачка, упати апел до граѓаните да не излегуваат од своите домови без некоја неопходна потреба, а сопствениците на возила да не возат без да користат синџри и строго да ги почитуваат сообраќајните прописи и условите на патот.

Повеќе од 2.000 прпадници на албанската армија, полицјата, работници на електродистрибуција се во целосна подготвеност да им помогнат на граѓаните доколку има потреба. Армиски хеликоптери со нивните екипажи се подготвени во транспорт на евентуални болни лица, како и дотур на храна во завеаните населени места – изјави Џачка.