Македонците во областа Гора целосно блокирани од снегот (ФОТО)

Како резултат на големи врнежи од снег и ниски температура, општините Шиштавец и Запот во областа Гора, руралните патишта помеѓу селата во областа Гора се блокирани. Снежното невреме кое ја зафати Албанија отсече повеќе региони и остави без струја повеќе општини во северниот дел од земјата. Во областа Гора, распослани се 9 села, населени со Македонци.