Македонците во Овчарани, Егејска, Македонија го прославија Илинден (ВИДЕО)

И годинава на 19 и 20 јули во македонското село Овчарани, леринско, се одржа традиционалната Илинденска средба на Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Неколку илјади Македонци од сите делови на Македонија го прославија македонскиот национален и верски празник Илинден со македонски ора и песни.

Голем број Македонци од Албанија присуствуваа на прославата како и Македонци иселеници од прекуокеанските земји, САД, Канада и Австралија, кои престојуваат во Македонија.

Advertisement