Македонците во Овчарани, Егејска, Македонија го прославија Илинден

И годинава на 19 и 20 јули во македонското село Овчарани, леринско, се одржа традиционалната Илинденска средба на Македонците во Егејскиот дел на Македонија во Република Грција. Неколку илјади Македонци од сите делови на Македонија го прославија македонскиот национален и верски празник Илинден со македонски ора и песни.

На прославата учествуваа македонски културно-уметнички друштва од повеќе места од Егејскиот дел на Македонија и Куд Преспа од општина Пустец, областа Мала Преспа во Република Албанија. Голем број Македонци на прославата присуствуваа и од Република Македонија, Македонци од Албанија како и Македонци иселеници од прекуокеанските земји, САД, Канада и Австралија, кои престојуваат во Македонија.

Advertisement