Македонците во татковината и светот ги отфрлаат владините нацрт амандманите на уставот и кога и да е ќе бидат поништени

Македонците во татковината и светот никогаш нема да прифатат измена на Уставот заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Амандмани на Уставот во таа смисла никогаш нема да предизвикаат правно дејство, засекогаш ќе бидат ништовни и кога и да е ќе бидат поништени заедно со Спогодбата меѓу Македонија и Грција!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ги отфрла владините нацрт амандмани на Уставот на Република Македонија поради примена на Спогодбата меѓу Македонија и Грција од 17 јуни 2018 година со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Владините нацрт амандмани на Уставот на Република Македонија претставуваат флагрантно кршење на Уставот, законите и меѓународното право!

Владините нацрт амандмани на Уставот на Република Македонија претставуваат најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не заструва!

Со владините нацрт амандмани на Уставот, Македонија треба да стане нова држава со територија без народ и историја: (1) Се менува името на државата и идентитетот на нацијата, (2) со бришење на Манифестот на АСНОМ, државата Македонија останува без историја, (3) во државноста се инкорпорира Охридскиот рамковен договор кој претставува договор со терористичка организација која “ослободуваше албански земји од славомакедонските окупатори“, поради симулираната агресија на САД од Косово врз Македонија во 2001 година, и (4) Македонија се откажува од деловите на Македонскиот народ во соседните земји на Републиката и од Македонците во светот, бидејќи членот 4 став 3 од Спогодбата меѓу Македонија и Грција го суспендира владиниот нацрт Амандман 35 на членот 49 од Уставот!

СМК потсетува дека Македонците, по род и државјанство, со двотретинско мнозинство (1.079.308) од вкупниот број запишани избирачи (1.495.807) на референдумот одржан на 8 септември 1991 година, гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, а одлуката на референдумот според членот 73 од Уставот е задолжителна за сите без исклучок! Истовремено, народот со двотретинско мнозинство (1.139.992) од вкупниот број запишани избирачи (1.806.336) со бојкот и негласање на референдумот од 30 септември 2018 година не ја усвои одлуката за членство на Македонија во ЕУ и НАТО и Спогодбата меѓу Македонија и Грција!

СМК укажува дека Спогодбата меѓу Македонија и Грција е ништовна, бидејќи не е дел од внатрешниот правен поредок на државата Македонија, не е ратификувана во согласност со Уставот: (1) не е потпишана од Претседателот на Републиката, туку од министерот за надворешни работи без активна легитимација; (2) Указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Македонија и Грција не е потпишан од Претседателот на Републиката; и (3) Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Македонија и Грција не е објавен во “Службен весник на Република Македонија“, односно не е во сила!

СМК потсетува дека Спогодбата меѓу Македонија и Грција е во спротивност и со членовите 53 и 64 од Виенската конвенција за договорно право, што ја прават ништовна, дури и да биде ратификувана во согласност со Уставот и да влезе во сила Законот за нејзина ратификација објавен во “Службен весник на Република Македонија“, а нејзиното правно дејство престанува поради jus cogens нормите на меѓународното право, кои не можат да се изменат со Спогодбата меѓу Македонија и Грција, односно Спогодбата меѓу Македонија и Грција не може да ја суспендира примената на нормите на меѓународното право! Jus cogens нормите на меѓународното право, Спогодбата меѓу Македонија и Грција ја прават нелегална засекогаш, бидејќи со меѓународен договор не може да се менува името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

СМК ги предупредува пратениците и премиерот и министрите дека кога и да е, поради десетина кривични дела против народот и државата, ќе бидат осудени на доживотен затвор во Идризово со конфискација на личниот имот и имотот на семејството, дома и во светот!

Advertisement