Макрон и Марин Ле Пен се изборија за вториот круг

Според анкетите спроведени веднаш по гласањето на претседателските избори во Франција, кандидатите Емануел Макрон и Марин Ле Пен се изборија за вториот круг на 7 мај. Макрон доби поддршка за вториот круг од конзервативците и социјалистите

 Француските гласачи го исклучија политичкиот живот на земјата од претседателството за првпат во модерната историја на земјата. Вториот круг на изборите на 7 мај ќе биде меѓу популистичката кандидатка Марин Ле Пен и центристот Емануел Макрон, а француските политичари од умерената левица и десница веднаш побараа од гласачите да го блокираат патот на Ле Пен до власт.

Избирањето внатре во системот веќе не е опција за француските гласачи, кои ги отфрлија двете главни партии што ја менуваа власта со децении во полза на Ле Пен и непотврдениот Макрон, кој никогаш не вршел изборна функција и кој основаше сопствено политичко движење минатата година. Одѕивот на гласачите беше 78 отсто.

Според првите броења, Емануел Макрон освои меѓу 23 и 24 отсто, а Марин Ле Пен меѓу 21 и 23 отсто од гласовите. На трето место се наоѓа кандидатот на левицата, Жан-Лук Меленшон со 19,5 до 20 отсто, пред кандидатот на конзервативците, Франсоа Фијон. Досега поддршка на Макрон за вториот круг на изборите му дадоа претставниците на конзервативците Фијон и на социјалистите Беноа Амон, така што аналитичарите претпоставуваат дека Макрон би можел да излезе како победник во вториот круг.

И покрај олеснувањето што претставничката на десно-популистичкиот Национален фронт, Марин Ле Пен не освои најмногу гласови, многумина се шокирани од нејзините резултати. Во првата реакција Макрон изјави дека Французите „избрале промена“. 39-годишниот социјално-либерален политичар за многу гласачи во Франција претставува отпор на политичкиот естаблишмент.

Германските политичари од владејачката демохристијанска-социјалдемократска коалиција и партијата на Зелените ја поздравија победата на Макрон и ја опишаа како добар сигнал за проевропските сили во Европа. Макрон јасно се залага за зајакнување на Европската Унија, додека Ле Пен најави распишување на референдум за излез на Франција од Европската Унија во случај на нејзина победа.

Социјалистичкиот кандидат Беноа Амон, чија партија има мнозинство во законодавниот дом и чиј претседател Франсоа Оланд е најнепопуларниот во модерната француска историја, доби поддршка од само шест отсто. Кандидатот на конзервативците помина незначително подобро, и се најде на третото место со речиси 20 отсто од гласовите. „Ние сме во фаза на распаѓање, уривање, деконструкција“, рече поранешниот социјалистички премиер Мануел Валс. „Ние не ја сработивме работата – интелектуална, идеолошка и политичка – на она што е левицата, и ја плативме цената“.

И централната десница и централната левица паднаа зад Макрон, чија оптимистичка визија за толерантна Франција и обединета Европа со отворени граници е остар контраст на помрачната, навнатре-ориентирана платформа „Франција на прво место“ на Ле Пен, која повикува на затворени граници, посилна безбедност, помалку имиграција и отфрлање на заедничката валута еврото, за да се врати францускиот франк.
Европската берзи ги зголемија вредностите на отворањето откако инвеститорите ги поздравија резултатите од првиот круг, а Макрон е фаворит за победа. (АП/„Дојче веле“)