Малциствата барат да се признат во Бугарија

 

Малцинството треба да го почитува мнозинството, но треба да го натера мнозинството да го почитува и самото него. Како? Не превиткувајќи грб, не откажувајќи се од тоа што сме, туку храбро и достоинствено да го браниме своето. Ако достоинствено настојуваме да го заземеме своето место во општеството – ќе не почитуваат. Само така навистина ќе бидеме прифатени. Ако пак сами не ги штитиме своите права и интереси никој друг нема да го направи за нас, а ниту пак некој ќе се сообразува со нас, вели Д-р Стојко Стојков за Македонскиот весник “Илинден”

Љутви Местан, претседател на партијата Демократи за одговорност, солидарност и толеранција (ДОСТ) од Бугарија, во која членуваат Турци , бара од Бугарија да признае турско малцинство во Република Бугарија. Што уште е потребно за малциствата да добијат правен статус на малцинство? Одговор нема… Или одговорот е уште поциничен: ‘Просто, не ве признаваме’. Но, одговорот вака или онака, претстои“, вели Местан во обраќањето до јавноста.

„Дали едно малцинство постои или не, не е дури ни правно прашање, туку прашање на објективен факт, повисок од законското негирање. Законот што го одрекува постоењето на едно малцинство, дури и да е уставен, не не го брише фактот за неговото постоење. Во Бугариа е факт живеат, Македонци,Турци, Роми, Власи и други заслужуваат своето правно признавање по европски терк – додава лидерот на ДОСТ.

Бугарија ја потпиша и ратификува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, преточувајќи ја во закон уште на 18 февруари 1999 година. Но, во декларацијата со која е усвоен законот, се вели дека во Бугарија има лица што припаѓаат на малцинства, но се отфрла постоењето на самите малцинства.

Advertisement