Медиумски меѓународни организации повикуваат Албанија да се откаже од законите за онлајн медиуми

 

Четири меѓународни медиумски организации ја повикаа албанската Влада да се откаже од два предлог-закони за државна регулатива и обврзна регистрација за онлајн медиуми, кои планира да ги усвои со цел борба против лажните вести. Во писмо до премиерот Еди Рама и министерката за правда Етилда Ѓонај, Европскиот центар за слобода на медиуми, Европската федерација на новинари, Репортери без граници и „ПЕН Интернешнл“ побараа од албанските власти да го повлечат законот, да ги вклучат новинарите и да побараат меѓународна помош во изработка на нови закони. Во писмото се укажува дека во демократските земји „онлајн медиумите се саморегулирани“. Во октомври и ОБСЕ изрази загриженост поради новиот систем за регистрација за медиумски интернет страници во Албанија.