Меѓународна конференција во Драч за безбедност и здравје при работа

Од денеска до сабота во Драч ќе се одржи меѓународна конференција за регионална соработка на која ќе учествуваат експерти од областа на безбедноста и здравјето при работа, претставници од компании и вработени, претставници на влади и социјални партнери кои се активни учесници во областа на безбедноста и здравјето при работа.

Конференцијата е клучен настан на Балканот за размена на информации и мислења од областа на безбедноста и здравјето при работа. Најавено е учество на претставници од Македонија, Србија, Косово, Албанија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Турција и Грција, како и на претставници од меѓународни организации кои работат во областа на безбедноста и здравјето при работа.

Организатори на настанот се Македонското здружение за заштита при работа, Црногорското здружение за заштита при работа, Сропското здружение за заштита при работа, Косовското здружение за заштита при работа и Албанскиот центар за безбедност и здравје при работа.

Главни цели на конференцијата се регионалната соработка и вмрежувањето на граѓанските организации во процесите на креирање на политиките и процесите на донесување на одлуки, промоцијата на регионалното истражувачко новинарство за безбедност и здравје при работа, како и мапирањето на институционални механизми за соработка меѓу граѓанските организации и јавните институции во регионот.

Конференцијата за првпат се одржа во Охрид во 2015 година и оттогаш секоја година се одржува во различни држави од регионот. Во 2016 година се одржа на Блед, Словенија, во 2017 година во Будва, Црна Гора и во 2018 година во Приштина, Косово.

Advertisement