Меѓувладината комисија Русија и Албанија се сретна во Москва

Работен состанок се одржа во Москва на 05.04.2019 година меѓу министерот за дигитален развој, комуникација и медиуми на Русија, Константин Носков и заменик министерот за финансии и економија на Албанија, Елтон Хаџи, кои се ко-претседатели на Меѓувладината комисија за трговска, економска и техничка соработка меѓу Руска Федерација и Албанија.

Страните разговараа за широк спектар на прашања, вклучувајќи ги и можностите за соработка во областа на туризмот, трговијата, земјоделството, енергијата, информатичките и комуникациските технологии, образованието итн. Беше договорено да продолжат да работат на подобрување на билатералната законска рамка со цел да се овозможи потпишување на голем број билатерални документи во рамките на следната седница на Меѓувладината комисија во Тирана.

Advertisement