Мета: Анкетната комисија држи „анти-претседателска пропаганда“

Албанскиот претседател Илир Мета ја нарече „анти-претседателска пропаганда” работата на анкетната комисија, која денеска и официјално ја почна истрагата против него за непочитување на Уставот, посебно со уредбата за одложување на локаланите избори.

Во објавата на Фејсбук, Мета оценува дека се што се прави е со цел да се отргне вниманието од почитувањето на уредбата за 13 октомври, за кога тој ги одложи локаланите избори од 30 јуни.

Единствено решение, според Мета се избори.

Анти-претседателската пропаганда не помага за владеење на правото, што е услов за започнување на преговори на 18 октомври од страна на Европската унија за нашата земја. Отргнувањето на вниманието во овој момент од обврската за почитување на уредбата за 13 октомври за сеопфатни избори не помага во решавањето на кризата, туку помага за ескалирање на истата. Критериумите од Копенхаген сè уште не се укинати од ЕУ. Критериумите од Копенхаген сеуште не се укинати од ЕУ, така што нвното почитувањето е неизбежно ако останала некаква политичка волја за започнување преговори на 18 октомври. Изборите се единственото решение, напиша Мета.

Шефот на албанската држава во неколку наврати изјави дека излез од длабоката политичка криза во која повеќе од шест месец се наоѓа земјата е на 13 октомври да се спроведат сеопфатни избори, локални, парламентарни, а ако е неоходно и претседателски избори.

На тоа одговорот на премиерот Еди Рама е дека 13 октомври е обичен неделен ден како и секој, дека локални збори имало на 30 јуни, а парламентарните се во 2021 година.

Инаку, анкетната комисија, формирана од албанскиот парламент на денешната седница направи распоред на сведоци кои ќе ги испрашува околу наводното непочитување на Уставот од страна на Мета. Тој пак, врз основа на списокот на сведоци, пред комисијата треба да се најде на 6 септември. Имајќи ја во предвид неговата реакција повеќе од сигурно е дека нема да оди на „сослушување во комисијата”.