Мета бара меѓународни посредници за политички дијалог

Албанскиот претседател Илир Мета, побара од премиерот Еди Рама и од лидерот на опозицијата Љуљзим Баша да се откажат од борбата за власт и да размислат за изборите на 13 октомври, бидејќи „сѐ уште има време да им се врати европската надеж на албанските граѓани“.

Не само што попусто беше потрошена една година, без соработка, концентрација и одговорност туку нештата се влошија единствено во интерес на борбата за власт. Но сѐ уште имаме можност да ги искористиме овие денови, да одржиме избори на 13 октомври 2019 година, како обврска, не само законска, туку и како неопходност да се избегне задржувањето на нулта шанси Албанија да ги започне преговорите за пристапување со ЕУ, на 18 октомври 2019 година – напиша Мета на Фејсбук.

Додава дека доколку премиерот не сака претседателот да ја игра улогата на преговарач, Мета на двојката Рама – Баша ѝ предлага меѓународни претставници да посредуваат во политичкиот дијалог. Треба итно да се искористи подготвеноста на раководството на ОБСЕ да помогне во надминување на оваа криза, за да се одржат локални избори на 13 октомври 2019 година и да се постигне договор за изборна реформа што е можно поскоро – порачува Мета.

Advertisement