
Претседателот Илир Мета побара од Владата да им ги рефундира средствата кои граѓаните ги потрошиле во текот на лекувањето од Ковид-19 во домашни услови и да обезбеди бесплатни лекови. Шефот на државата додава дека граѓаните повеќе не можат да бидат оставени на милост и немилост на судбината.
Сведоштвата на пациентите заразени со Ковид-19 и нивните блиски покажуваат дека илјадници семејства ги потрошиле заштедите или земале долгови во недостиг на доволен приход за да се справат со високата цена на лековите и правењето тестови. Владата под итно треба да им ги рефундира средствата на сите кои се лекувале во домашни услови и да обезбеди лекови бесплатно за сите заразени, напиша Мета на Фејсбук.
Според него фалењето со бесплатно здравство и каква било друга демагогија мора да заврши. Исто така бара транспарентност на план за масовна вакцинација, да не прави поделба по класи на населението, како и радикално менување на анти-ковид стратегијата, заснована на советите на најдобрите домашни и странски епидемиолози, виролози и имунолози. Алчноста во пандемијата е уште покриминална! Единствениот приоритет и грижа треба да биде: Заштитата на здравјето и животот на граѓаните, порачува Мета.
Поради зголемениот број на заразени, што според епидемиолозите најверојатно е последица на присуството на британскиот африканскиот сој на вирусот, Мета побара да се прават многу повеќе тестови на дневно ниво отколку до сега. Деновиве и директорот за развој на Geo Vax вакцината во САД, Арбан Доми изјави дека во Албанија дневно мора да се прават најмалку по 12.000 тестови а не како сега во просек по 4.000 тестови.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden