Мета ги презакажа локалните избори за октомври, Рама одбива нов датум

 

Албанскиот претседател, Илир Мета ги презакажа локалните избори кои треба да се одржат на 30 јуни, за 13 октомври. Одлуката на Мета следи по најавата на опозицијата за бојкот на изборниот процес.

И покрај тоа, премиерот Еди Рама инсистира изборите да се одржат в недела според првичниот план, 30 јуни е единствениот датум за избори –  напиша Рама по објавата на Мета за новиот датум во октомври.

Мета пред да го објави указот оствари средба со лидерот на опозицијата Љуљзим Баша, со претставниците на помалите десничарски партии и дел од амбасадорите од земјите земјите членки на ЕУ, пренесуваат албанските медиуми.

Advertisement