
Претседателот Илир Мета со признанието „Витез на редот на знамето” постхумно го одликува, Стерјо Спасе познат албански писател со македонско потекло; Признанието го прими неговиот син Илинден Спасе, на научниот симпозиум “Животот и литературното дело на Стерјо Спасе”,што денеска се одржува во албанскиот град Корча.
Со огромно задоволство ја прифатив поканата да учествувам на овој симпозиум, кој го вреднува и го чествува животот и делото на големиот интелектуалец и писател Стерјо Спасе и искрено им честитам на Универзитетот „Фан С. Ноли“ и македонското друштво „Сонце“ за органзацјата на овој настан.
Стерјо Спасе останува писател, граѓанин, интелектуалец, публицист, кој го создаде својот историски обем и е дел од оние личности кои на историјата и дадоа посебен квалитет,-рече меѓу другото Мета. Неговиот познат роман “Зашто” го најави создавањето на современа литература во Албанија,рече Мета и додаде дека Стерјо Спасе е значајна лчност не само во Албанија туку на Балканот и Европа.
Како истакнат син на македонската заедница, Стерјо Спсасе стана духовна инспирација и мост на соработка меѓу Албанците и Македонците. Животот, активноста и делата на оваа посебна и истакната личност е хармонична симбиоза во еден човек на двете општества или народа во полза на хармонија и љубовта. Вечно да е неговото дело! Стерјо Спасе секогаш ќе остане едно и неделливо! -оцени Мета.
На симпозиумот освен познати научни работници од Македонија и од Албанија, присуствуваа и македонскот министер за дијаспора Едмонд Адеми и македонскот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски. Стерјо Спасе, роден е во село Глобочени, Мала Преспа во 1914 а починал во Тирана, 1989 годна. Тој е познат писател со македонско потекло и е еден од најзначајните претставници на современата албанска литература. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби во Мала Преспа. Покрај во Албанија, се школувал на Универзитетот Флоренца во Италија, додека магистрирал во тогашниот СССР.
Автор е на петнаесеттина романи и многу раскази. Негово најпознато книжевно дело е романот „Од живот за живот – зошто?“, кој е напишан во вид на дневник и се фокусира на една трагична дилема на млад интелектуалец на село. И неговиот син Илинден Спасе, универзитетски професор во пензија, пишува на албански и на македонски јазик. Автор е на повеќе збирки раскази. Член е на Друштвото на писателите на Република Македонија. Синот на Илинден, Аријан Спасе е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Унгарија
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden