Мета: Ставовите на Павлопулос не носат позитивна енергија

Претседателот Илир Метa, остро реагираше на изјавите што деновиве ги даде грчкиот преседател, Прокопис Павлопулос, околу односите на Атина со Тирана и проблемите кои ги имаат во своите билатерални односи. Мета за во интервју за весникот Albanian Daily News истакнува дека во овие моменти треба да го зачуваме мирот и меѓусебното почитување.

„Ставовите на грчкиот претседател Павлопулос не носат позитивна енергија“, истакнува Мета и додава дека неговите ставови не се на линија на ставовите што ги изнесоа министрите за надворешни работи на Албанија и Грција, Бушати и Коѕијас. „Изјавата на Павлопулос не носи ниту партнерство“, нагласува шефот на албанската држава.

Павлопулос пред два дена изјави дека ако Албанија сака да стане членка на ЕУ, тогаш треба да ја затвори устата околу прашањето за Чамите, прашање кое за Грција не постои. Албанскиот печат деновиве упатува остри критики на адреса на Атина поради како што се наведува тенденциите на Атина во преговорите за Албанија и Грција да ги протежира само своите интереси. Инаку, најоптворени прашања во моментот кои ги обременуваат билатералните односи се прашањето за Чамите кое го поставува Тирана, а Атина вели дека не постои, потоа утврдувањето на морската граница, малцинските права итн.

Advertisement