Мета во писмото до Трамп изкажува жалење за гласањето во ОН

Албанскиот претседател,Илир Мета денеска го искажа сопственото жалење до амерканскиот претседател Доналд Трамп во врска со вчерашното гласање на Албанија во ОН во подршка на Резолуцјата протв амерканската одлука за прзнавање на Ерусалим за главен град на Израел. Во писмото упатено до Трамп, Мета пшува дека „ гласот против нашиот голем сојузник и пријател е даден без никаква претходна консултација со институцијата Претседател на Републка Албанја нту со Парламентот на Албанија и не го отслкува ставот желбата на албанскиот народ,кој нкогаш не заборава и нема никогаш да ја заборави подршката на САД во најтешките мигови од неговото постоење“.

Лично ќе побарам објаснувања за овој став и одлука на Владата,што се во спротивност со нашите прјателски и стратешки односи и интересите на нашите народи,- стои во писмото на Мета до Трамп. Претходно,преку својот портпарол,шефот на албанската држава, меѓу другото оцени дека „одлуката и гласот против е целосно непотребен,не го отсликува државниот и уште повеќе сенационален консензуален став“. Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша изјави дека Владата на Еди Рама направила грешка со дадениот глас во ОН, дека тое е против националниот интерес на Албанците и потсетува на проамерканската определба на Албанците во изминатите 27 години.