Милан Кучан : Балканот и натаму е буре барут

 

Западот продолжува да замижува пред фактот дека западниот Балкан и натаму претставува буре барут, изјави поранешниот словенечки претседател Милан Кучан во интервју за подгоричкиот весник „Побједа“. Имам впечаток дека Брисел во голема мерка не ги познава состојбите на западниот Балкан, па се стекнува впечаток дека политиката што ја спроведува не е секогаш принципелна, вели Кучан.

Тој оценува дека покрај БиХ, главна невралгична точка на Балканот е Косово, а „проблем останува и Македонија“. Единствена земја кој засега успеа да побегне од тој лонец е Црна Гора, додава поранешниот словенечки претседател. Според Кучан, со инсистирањето на интересот на капиталот, Европа често ги занемарува етичките вредност на кои се темели европската идеја.

Advertisement